Во новата година влегуваме со уште еден успешно завршен проект зад нас. Овојпат Company Shuttle автобусот не однесе во Johnson Matthey, каде имавме можност да се запознавме со техниките и технологиите кои се применуваат во секојдневното работење на компанијата. Johnson Matthey е светски водечки лидер за производство на катализатори за контрола на емисиите на издувни гасови од возилата. На турата која беше овозможена од страна на обучениот кадар во компанијата, имавме информативно предавање за различните типови на катализатори кои таму се произведуваат.
Овогодинешниот формат на Company Shuttle вклучува двонеделно решавање на предизвик. Предизвикот беше презентиран од страна на менторите и истиот беше поврзан со делта робот и како тој да се надогради во 3Д принтер. Партиципантите беа поделени во тимови од четворица и имаа за задача да изнајдат и да го презентираат нивното решение на предизвикот. Сите тимови беа успешни на свој начин, но, сепак, само еден беше победнички. Победниците беа наградени со торби за лаптоп и со можност за извршување практична работа во Johnson Matthey.
Овој Company Shuttle е во рамки на проектот „Чекор кон кариерата од твоите соништа“ кој е импементиран од страна на Youth Can - Младите Можат и IAESTE Macedonia. Овој проект е дел од тригодишниот проект WeB4YES - Western Balkan Civil Society for Youth Employment Support финансиран од Европската Унија.