Meet the team
Претседател на ИАЕСТЕ Македонија
jovana.kocevska@iaeste.org.mk
Национален Секретар
stefan.petrushevski@iaeste.org.mk
Маркетинг и односи со јавност
ema_simovska@iaeste.org.mk
Претседател на Локален Комитет Скопје
petar.dimovski@iaeste.org.mk
Претседател на Локален Комитет Охрид
mario.pavlovski@iaeste.org.mk
Претседател на Локален Комитет Битола
filip.tanevski@iaeste.org.mk
Одговорен за странските практиканти
stefani.josifovska@iaeste.org.mk
Одговорен за македонските студенти кои одат на пракса во странство
bojan.ristovski@iaeste.org.mk
IAESTE on an international level
Историја и развој на ИАЕСТЕ
ИАЕСТЕ, Меѓународнa организација за размена на студенти од техничките факултети, е основано во јануари 1948 година во Империјалскиот колеџ, Лондон, на иницијатива на Комитетот на Империал колеџ. Национални организации од десет европски земји присуствуваа на оваа средба и станаа членки, а г-дин Џејмс Њуби беше избран за прв генерален секретар. Географската покриеност наскоро се прошири во поголемиот дел од Европа па и пошироко. Здружението стана регистрирано тело според законот за Луксембург на нејзината генерална конференција 2005 година во Колумбија.
Во 1952 година, универзитетот во Белград се приклучува во ИАЕСТЕ како 16та придружна членка. Скоро потоа, отворени се локални комитети во Загреб, Љубљана и Скопје. Од основањено на Локалниот комитет во Скопје до распадот на Југославија сите административни работи биле извршувани во Белград, а од Скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ околу 200 студенти се здобиле со можноста да патуваат по светот и да извршуваат стручни пракси во големи и мали фирми со посредство на ИАЕСТЕ програмата.
По распадот на Југославија, во јануари 1992, тогашните студенти од локалниот комитет ИАЕСТЕ Македонија формираат здружение на граѓани со цел да продолжат да ја спроведуваат ИАЕСТЕ програмата. Здружението добива име „Македонски одбор за меѓународна размена на студенти од техничките факултети“ со седиште во Скопје на Електротехнички и Машински факултет и се приклучува во ИАЕСТЕ како придружна членка. На Генералната Конференција во Мексико, ИАЕСТЕ Македонија добива статус на полноправна земја членка на ИАЕСТЕ. Оттогаш па до денес отворени се 4 локални комитети: на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Овие комитети од 1992 имаат испратено преку 500 студенти на пракса во странство и имаат вклучено преку 100 македонски компании во разменската програма. Бројни наши професори, научници и деловни луѓе се сеќаваат на праксите во странство преку ИАЕСТЕ.
Што претставува ИАЕСТЕ?
ИАЕСТЕ Македонија е независна, невладина, неполитичка, волонтерска и студентска организација која овозможува размена на студенти од техничките факултети за извршување на стручна пракса. Таа е полноправен член на Меѓународната организација ИАЕСТЕ. ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности, платени технички пракси во областа на нивните студии. ИАЕСТЕ Македонија годишно има околу 120 члена.
Во ИАЕСТЕ сме посветени на поттикнување на меѓународно разбирање и влијание врз развојот на младите луѓе преку меѓународна размена. Нашите основни вредности на пријателство, доверба, почит, професионализам, развој и интеркултурна соработка служат како основа за нашата силна организациска култура и како принципи што ја водат целата наша работа и дневни активности.